Дома Фудбал Италија Доказ колку Јувентус е лош: Во еден сегмент се најлоши во „топ 5“

Доказ колку Јувентус е лош: Во еден сегмент се најлоши во „топ 5“

Јувентус игра лошо оваа сезона и тоа е јасно. Екипата на Масимилијано Алегри во овој момент е на осмата позиција во Серија А со 10 бода после седум кола, додека во Лигата на шампионите имаат два порази во двата натпревари.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Секако дека ова не е старт како што во клубот и навивачите очекуваат. Токму затоа голем дел од фановите и бараат заминување на Алегри, кој се смета за главен виновник за ваквите резултати.

Дека проблемот е до играта на Јувентус, не до играчите може показател да биде уште еден податок. Имено, Јувентус во овој момент има направено најмалку пасови во последната третина од тереното д сите екипи во најсилните пет првенства.

Фудбалерите на Алегри само 18% од своите пасови ги оствариле на опасната зона за противникот. Кога ова се знае станува и јасно зошто тимот има само девет гола во Серија А.

Покрај Јувентус ист процент на дното имаат уште Алмерија, Атлетико Мадрид и Бурнемоит, но од овие екипи не сме ниту навикнати да доминираат како што тоа во блиското минато во Серија А го правеше „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слот сака големо засилување, најдобриот голман во светот може да пристигне во Ливерпул!

Летната сезона донесе неколку навистина интересни одлуки од страна на Управниот одбор на Л…