Сите знаеме дека Бразил е една од најголемите фудбалски сили во светот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Денес селекторот Тите го објави конечниот список фудбалери кои ќе ги бранат боите на „Кариоките“ во Русија (составот можете да го погледнете тука), а изоставени беа навистина фантастични фудбалери.
Најмногу внимание предизвика изоставувањето на Алекс Сандро од Јувентус, но и Фабињо од Монако, Давид Луиз и двајцата Рафиња од Интер и Баерн Минхен.
Кога би создале тим од 11 „отпишани“ би добиле навистина една интересна екипа.
Голман би бил Нето од Валенсија, на бековските позиции Рафиња и Вендел од Леверкузен, а во срцето на одбраната Давид Луиз и Данте, во средниот ред, Фабињо, oд Монако, Артур кој потпиша договор со Барса, Рафиња од Интер и Алан од Наполи, Алекс Сандро би бил опција за лево крило, а во нападот Хулк.
Дани Алвеш е изоставен од овој тим бидејќи тој не е во тимот на Тите само поради повредата на коленото.
