Дома Фудбал Останато Дознајте ги групите од кои ќе се извлекуваат противниците на Шкендија и Работнички во Лига Европа

Дознајте ги групите од кои ќе се извлекуваат противниците на Шкендија и Работнички во Лига Европа

УЕФА ги објави составите на групите од каде ќе бидат извлечени натпреварувачките двојки за третото квалификациско коло во Лига Европа. Ждрепката, во седиштето на УЕФА во Нион, ќе биде извршена во 13 часот.

Македонските преставници во Лига Европа, Шкендија и Работнички, на извлекувањето се сместени во груите на носители. Шкендија е во првиот, а Работнички во петтиот „шешир“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шкендија, вчера, во првиот натпревар од второто коло славеше над Хелсинки со 3:1 и стекна реални шанси за пласман во наредната рунда.

Можни противници на Шкендија во третото коло се: Норкопинг (Шведска) или Тракаи (Литванија), Габала (Азербејџан) или Јагиелонија (Полска), Слован (Словачка) или Лингби (Данска), Штурм (Австрија) или Младост (Црна Гора), односно Осиек (Хрватска) или (Лузерн (Швајцарија).

Работнички, во четвртокот, одигра 1:1 против Динамо Минск и остана во игра за пласман во третото коло. Доколку минат во наредната рунда, можни противници на „романтичарите“ се: Железничар (БиХ) или АИК (Шведска), Остенде (Белгија), Тренчин (Словачка) или Бнеи Јехуда (Израел), Корк Сити (Ирска) или АЕК Ларнака (Кипар), Валур (Рејкјавик) или Домжале (Словенија), односно Лиепаја (Латвија) или Судава (Литванија).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…