Дома Фудбал Дождот не прекинува: Суперкласико нема да се игра ниту вечерва!?

Дождот не прекинува: Суперкласико нема да се игра ниту вечерва!?

Целиот свет со нетрпение го очекуава дуелот помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата во финалето од Копа Либертадорес.

Натпреварот требаше да се игра синоќа, но беше одложен поради обилните дождови кои го зафатија Буенос Аирес.

Натпреварот треба да се игра вечер од 20 часот, но последните информации од Аргентина говорат дека дождот не прекинува и дека дербито повторно е под знак прашалник.

Теренот на „Бомбониера“ е буквално покриен со вода, а конечната одлука треба да биде донесена денеска во 15 часот. Доколку нема услови за игра, натпрварот ќе се одигра следната недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова грижа за Спалети: Мекени неизвесен за гостувањето кај АЗ

Јувентус има долга листа отсутни, а настапот на Вестон Мекени во Лигата на Европа ќе завис…