Дома Фудбал Договорени измени: Африканскиот куп ќе се игра во лето, со 24 репрезентации

Договорени измени: Африканскиот куп ќе се игра во лето, со 24 репрезентации

Измените што се договорени во Мароко треба да бидат потврдени од страна на Извршниот одбор на Африканската фудбалска конфедерација. Состанокот ќе се одржи утре во Рабат.

Африканскиот куп во иднина ќе се игра во јуни и јули, а не како досега во јануари и февруари. До измена на терниот дојде бидејќи сите најдобри африкански фудбалери играат во Европа, каде што сезоната во полн ек е во јануари и февруари.

Нивното приклучување на своите репрезентации често предизвикуваше несогласувања помеѓу клубовите и националните тимови.

Африканците решија по урнекот на УЕФА да го зголемат бројот на репрезентации што ќе учествуваат на завршниот турнир од 16 на 24.

Нема да се менува интервалот на одржувањето на Африканскиот куп, односно тој ќе се одржува на секои две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем пред црна серија каква што не памети, Де Зерби бара одговор кај Челси

Само една победа на последните 36 лигашки гостувања на „Стемфорд бриџ“ и шест порази по ре…