Дома Останати Договорена „борбата на векот“: Фјури ќе се бори против Усик за апсолутен шампион!

Договорена „борбата на векот“: Фјури ќе се бори против Усик за апсолутен шампион!

Британскиот боксер Тајсон Фјури ќе се бори против Украинецот Олександар Усик во Саудиска Арабија во првата борба на овој век за обединување на сите титули во тешка категорија, објави денеска агентот на Фјури, Френк Ворен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фјури е шампион на ВБЦ во тешка категорија, а Усик ги држи појасите ИБФ, ВБА и ВБО.

Борбата ќе се одржи во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, а датумот сè уште не е познат.

Ова е најголемата борба што може да се организира во нашиот спорт. Не се сомневам дека ова ќе биде најголемиот боксерски настан на векот – рече Ворен.

Последната борба која го круниса апсолутен шампион во тешка категорија беше во 1999 година, кога Ленокс Луис го победи Евандер Холифилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…