Дома Фудбал Добро запаметете го ова име, допрва ќе се слуша за него: Арсенал и Челзи во клинч, за кого ќе потпише?

Добро запаметете го ова име, допрва ќе се слуша за него: Арсенал и Челзи во клинч, за кого ќе потпише?

Холандскиот гигант Ајакс ја има една од најдобрите фудбалски школи во Европа и е вистинско легло за таленти, а сега за играч од овој тим се заинтересирани Арсенал и Челзи.

Веќе е познато дека Челзи е заинтересиран за Мохамед Кудус, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Арсенал.

За да го доведе 22-годишниот Ганец од Ајакс, Арсенал е на прагот да се откаже од уште шест играчи во овој летен преоден рок.

Иако Арсенал би бил спремен да пушти шест играчи за да заработи 40 милиони евра за овој трансфер, сепак предност има Челзи.

Имено, покрај парите, Челзи во Амстердам би го вратил и Хаким Зијех, мароканскиот фудбалер кој во Ајакс ги одигра најдобрите партии во кариерата.

Останува да видиме дали репрезентативецот на Гана летово ќе се пресели во Премиер лигата, а да напоменеме дека интерес за него покажа и Брајтон, но тешко дека ќе се случи таков трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…