Тренерот на Рома, Еусебио де Франческо доби добри вести на денешниот тренинг поврзани со повредените фудбалери Раџа Наинголан и Лоренцо Пелрегрини.
Рома се спрема за гостувањето против Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампиони, а се очекуваше Наинголан да го протушти дуелот на „Камп Ноу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Белгиецот се повреди на последниот меч против Болоња, а медиумите тврдеа дека повредата е тешка и дека може да го пропушти остатокот од сезоната.
Меѓутоа, Раџа денес тренираше со остатокот од тимот и се најде во групата која ќе патува во Барселона, исто како и Лоренцо Пелегрини, кој исто така беше повреден.
Натпреварот со Барселона сигурно ќе го пропушти Џенгис Ундер, кој се опоравува од мускулна повреда.