Дома Фудбал Добри вести за Реал, познато кога се враќа Рамос

Добри вести за Реал, познато кога се враќа Рамос

Враќањето на терените на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос може да се случи порано од очекуваното.

34-годишниот дефанзивец скоро е целосно опоравен од повредата на коленото и може да се врати на терените на дуелот со Елче во Примера во сабота, пишува „Марка“.

Рамос е надвор од терените од 14 јануари, кога се повреди во Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао.

На 6 февруари дефанзивецот направи операција и се очекуваше да се врати во април, но регабилитацијата заврши порано од очекуваното.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Амити со два гола ја предводеше Македонија У15 до стартни 4:1 во Баку

Македонската селекција до 15 години ја совлада Панама на почетокот од турнирот во формат 7…