Дома Фудбал Добри вести за Гвардиола: Стерлинг спремен за Реал Мадрид

Добри вести за Гвардиола: Стерлинг спремен за Реал Мадрид

Рахим Стерлинг ќе му биде на располагање на Пеп Гвардиола за дуелот со Реал Мадрид во Лигата на шампиони, пренесуваат медиумите на Островот.

Стерлинг ги пропушти последните три меча на „граѓаните“ поради мускулната повреда со која се здоби на мечот со Тотенхем.

Тој не беше дел од тимот за гостувањето кај Лестер во саботата, но ќе биде спремен за големиот меч против Реал Мадрид.

Инаку минатата недела Стерлинг даде интервју за мадридскиот весник „АС“ и изрази задоволство што Реал е заинтересиран за неговите услуги.

„Во моментов сум во Сити и вистински сум среќен, но можам да кажам дека Реал Мадрид е фантастичен клуб. Кога ќе го видите белиот дрес веднаш знаете за што станува збор. Меѓутоа, имам договор со Сити и морам да го респектирам“, изјави Стерлинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…