Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо се опорави од лесната повреда и повторно е во составот на „кралевите“ кои за два дена ќе играат реванш натпревар во Неапол во Лигата на шампиони.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Португалецот го пропушти натпреварот од шпанското првенство против Еибар поради „проблем со мускулот“, но избраниците на Зидан запишаа висока победа и без својот најдобар поединец.
Сепак, добрата вест за Реал е што покрај Роналдо во тимот се враќаат и Герет Бејл и Алваро Мората, кои не играа во Примера поради суспензија, па единствено повредениот Рафаел Варан нема да отпатува во Италија.
Мадриѓаните првиот натпревар против Наполи на „Сантиаго Бернабеу“ го добија со 3:1, па поради тоа се големи фаворити за пласман во четвртфиналето.