Ансу Фати ќе биде спремен за гостувањето кај Реал Мадрид во првиот полуфинален натпревар од Купот, објави „Мундо Депортиво“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанскиот репрезентативец го пропушти последниот меч против Алмерија во неделата поради мало истегнување на лигаментите на левото колено, но најверојатно ќе биде целосно подготвен за „Ел Класико“.
Чави Хернандез има многу проблеми и смета на повредените Роберт Левандовски, Осман Дембеле и Педри за гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“, па ова е сигурно добра вест бидејќи Фати ќе биде спремен за игра.