Легендарниот холандски стручњак ЛВГ наскоро би можел повторно да седне на тренеска клупа.
Овој 66. годишен тренер веќе почнал преговорисо раководството на Фудбалската федерација на Австралија и постои голема можност токму тој да биде селектор на селекцијата на СП во Русија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ангелос Постекоглу кој ја однесе селекцијата на Мундијалот, на изненадување на сите понуди оставка, па Австралија мора да бара решение.
Неколку кандидати се спомнуваат за негови наследници. Меѓу нив се Марко Биелса, Јирген Клинсман и Луиз Фелипе Сколари, а на крајот победата ќе ја однесе Ван Гал.
Холанѓанецот во кариерата ги водеше великаните Ајакс, Баерн и Манчестер Јунајтед, а во два наврати ја водеше и селекцијата на Холандија со која ја освои бронзата на СП во Бразил.
Австралија на СП во Русија ќе игра во групата Ц со селекциите на Франција, Перу и Данска.