Некогаш големата надеж на на англискиот фудбал, Деле Али изгледа ги потроши сите кредити кои ги имаше кај менаџерот Жозе Мурињо.
Имено, Тотенхем вечерва ќе игра против Брајтон, а помеѓу играчите кои ќе конкурираат за овој меч не се најде Деле Али. Островските медиуми пишуваат дека не е поведа, а со оглед дека до сега одигра само еден натпревар во Премиер лигата, очигледно ја изгубил довербата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ќе потсетиме, Деле Али натпреварот против ЛАСК во Лигата на Европа го започна од клупата за резерви, а во игра влезе во 62. минута на местото на Ерик Ламела.
Деле Али во Тотенхем пристигна во 2015 година од Милтон Кеј Донс, а неговата епизода во овој лондонски клуб веројатно ќе заврши во јануари.