Дома Фудбал Ди Франческо спрема изненадување за Реал

Ди Франческо спрема изненадување за Реал

Тренерот на Рома, Ди Франческо спрема изненадување за мадридски Реал во вечерашниот натпревар во ЛШ.

Тоа изненадување е настапот на младиот Никола Заниоло од првата минута, што секако во Реал не го очекуваа.

Заниоло ова лето пристигна во Рома како замена за Наинголан. Меѓутоа, се уште не дебитирал за Волчицата, но сега може да добие шанса која не ја очекува.

Италијанските медиуми тврдат дека овој 19. годишен фудбалер би можел да го започне натпреварот во средниот ред заедно со Де Роси и Нзонзи.

Интересно, Заниоло стана четвртиот играч во историјата кој претходно имал настап за репрезентацијата на Италија, а немал деби во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од европски трофеј до отказ: Арсенал ја смени Слегерс по историски лошата серија

Рене Слегерс заминува само десет месеци по потпишувањето договор до 2029 година. Арсенал е…