Дома Трансфер зона Ди Марцио: Манџукиќ може на голема врата да се врати во Серија А

Ди Марцио: Манџукиќ може на голема врата да се врати во Серија А

Искусниот напаѓач Марио Манџукиќ (34) ќе се врати на фудбалот после шест месеци пауза.

Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио доцна вчера вечер објави дека Манџукиќ е потенцијално засилување за Милан и би можеле Хрватот да го гледаме во црвено-црниот дрес.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манџукиќ веќе шест месеци е без клуб. Тој во јули го раскина договорот со катарскиот Ал-Духаил, но и покрај интересот на бројни екипи за неговиот потпис се одлучи да си земе одмор еден период.

Сега изгледа е спремен да се врати. Можно е тоа да биде во дресот на Милан со што Манџукиќ би додал уште еден голем клуб на листата клубови за кои настапувал.

Ќе потсетиме во Катар тој се пресели од Јувентус каде што помина три ипол години, претходно играше за Атлетико Мадрид, Баерн, Волфсбург и Динамо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона му прави услуга на Елмас?

Дани Олмо е блиску до враќање во Барселона, oбјави Мундо Депортиво во написот под наслов „…