Aко му веруваме експертот за трансфери, Џанлука Ди Марцио Атлетико Мадрид постигнал договор со Едисон Кавани.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ди Марцио објави дека Атлетико и Кавани постигнале договор Уругуваецот да се пресели на „Ванда Метрополитано“ како слободен играч по завршувањето на неговиот договор со ПСЖ на крајот од сезоната.
Кавани сигурно би бил одлично засилување за Атлетико и според карактерот е тип на играч каков што сака Симеоне.
Со Атлетико Кавани би требало да потпише договор на три години. Пред ПСЖ Кавани настапуваше во Италија каде што го носеше дресот на Палермо и Наполи.