Дома Топ вести Директор на Барса откри: Еве зошто Меси и Ибра не се разбираа добро!

Директор на Барса откри: Еве зошто Меси и Ибра не се разбираа добро!

Златан Ибрахимовиќ своевремено го направи еден од најголемите трансфери во историјата кога од Интер се пресели во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, работите на „Камп Ноу“ не се одвиваа најдобро за Ибрахимовиќ, па го напушти клубот после само една година, иако на почеток одлично ја започна сезоната.

Медиумите тврдеа дека тоа е поради неговиот нарушен однос со Гвардиола, но вистинската причина беше всушност недоразбирањето со првата ѕвезда на Каталонците, Лионел Меси.

Поранешниот директор на Каталонците за маркетинг, Марк Ингла сега открива дека имало недоразбирање помеѓу двете големи ѕвезди.

„Зошто не му одеше добро на Златан во Барселона? Швеѓанецот е вистински ѕвер, неверојатна машина. Но, во Барселона беше покрај друга машина, малку помала од него. Беше многу статичен за тој систем на игра на Барселона и на Меси му беше потребен поголем простор за движење во нападот. Златан му затвораше голем дел од просторот со својата игра. Имаше недоразбирање на таа тема“, открива Ингла.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…