Дома Фудбал Останато Динамо одлучи: Поранешниот играч на Ливерпул нов тренер на Ристовски

Динамо одлучи: Поранешниот играч на Ливерпул нов тренер на Ристовски

Се најавуваше дека Рој Ференчина кој во минатото беше тренер на Шкендија ќе добие шанса да го води Динамо Загреб сепак тоа не се случи. Нов тренер на Стефан Ристовски и соиграчите ќе биде У21 селекторот на Хрватска, Игор Бишчан.

Поранешниот фудбалер на Динамо, Ливерпул и Панатинаикос беше желба на раководството и пред да биде назначен Анте Чачиќ.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Беше под знак прашалник дали сега ќе го преземе Динамо бидејќи ја водеше младата селекција на Хрватска, но Бишчан не сакаше да ја пропушти оваа прилика.

Во тренерската кариера го водеше Рудеш со кој се пласираше во елтиниот ранг освојувајќи го првото место во втората лига. Потоа со Олимпија со која во 2018 година освои двојна круна во Словенија, а со Ријека го освои хрватскиот куп и застана на кормилото на младинската селекција.

Динамо во овој момент е лидер на табелата во првенството со седум бодови предност во однос на Хајдук, додека екипата беше елиминирана од купот од Шибеник. Кога во прашање е У21 селекцијата на Хрватска ќе ја предводи Ивица Олиќ кој досега беше во стручниот штаб на Златко Далиќ во сениорската селекција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Веќе се познава костурот во Лигата на шампионите: Кој со кој не може да се сретне до полуфиналето и финалето во ЛШ?

Зад нас е шестото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, по кое потенцијално можем…