Дома Македонски спорт Динамо Москва не се откажува од Ристовски – во јануари нова офанзива!

Динамо Москва не се откажува од Ристовски – во јануари нова офанзива!

И после добрите настапи за Македонија ситуацијата на Стефан Ристовски во Спортинг не се промени, македонскиот репрезентативец и понатаму е далеку од првиот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во претходниот преоден рок Ристовски беше блиску до трансфер во Динамо Москва, тогаш се преговараше, а нашиот репрезентативец иако знаеше дека ќе биде тешко реши да остане и да се обиде да ја промени ситуацијата, тоа не е случи.

Сега според информациите на португалската „А Бола“ Динамо Москва во јануари одново ќе тргне по потписот на Ристовски.

Ќе потсетиме, Ристовски во Спортинг не игра поради проблемите со тренерот на „лавовите“. Останува да видиме како ќе заврши втората офанзива на рускиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…