Oд поодамна е познато дека школата на Динамо е една од најдобрите во Европа.
Невозможно е да се набројат сите играчи кои започнаа на „Максимир“ за подоцна да направат одлични кариери во некои од најсилните клубови во Европа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Нешто слично можеби се спрема и со 18 годишниот Иван Шараниќ.
Овој одличен млад офанзивен играч за врска е на мета на неколку европски гиганти, а денес италијанскиот „Калчомеркато“ пишува дека Шараниќ го сакаат два италијански клуба кои сезонава настапуваа во ЛШ, но и Барселона.
Истиот извор пишува дека Динамо се надева на понуда од најмалку 10 милиони евра.