Дома Фудбал Останато Динамо Загреб заминува од Максимир кој е „опасен по живот“

Динамо Загреб заминува од Максимир кој е „опасен по живот“

Динамо Загреб најевројатно нема да игра на својот матичен стадион „Максимир“ кој доби забрана за играње на европски натпревари.

Причина е неодамнешниот земјотрес во Загреб кој направи сериозни отштувања на стадионот и сега е „привремено неупотреблив“.

„За Максимир добие зелено светло за гледачи на трибините некој треба да потпише за тоа, да тврди дека се е во ред, но, со извинување, само луд човек би можел да потпише дека стадионот е сигурен“, пишуваат хрватските медиуми.

За две недели се очекува рестарт на хрватското првенство, а Динамо уште чека конечна пресуда за деталната градежна инспекција.

Аријан Адеми и неговите соиграчи ќе мораат европските натпревари да ги играат на друг стадион, а опциите се Сплит и Ријека во Хрватска или Марибор во Словенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Струга доведе фудбалер кој во Франција бил дел од гигант!

Струга Трим Лум продолжува да го засилува и денеска го официјализираше трансферот на 19-го…