Дома Македонски спорт Димитриевски: Не ме плашат Гризман и Феликс, само ме мотивираат

Димитриевски: Не ме плашат Гризман и Феликс, само ме мотивираат

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски вечерва ќе брани за Рајо против едни од најдобрите напаѓачи во светот Жоао Феликс и Антоан Гризман.

Димитриевски на почетокот на годинава не бранеше во првиот натпревар на неговиот тим против актуелниот шампион, а тој натпревар Рајо го загуби со 0:2. Денес се очекува да б иде на голот откако минатото коло имаше одличен настап против Севиља во ремито 1:1.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пред овој натпревар Димитриевски порача дека воопшто не го плашат големите имиња во нападот на Атлетико, Жоао Феликс и Антоан Гризман.

„Не ме плашат Жоа Феликс и Гризман, напротив само ме мотивираат да имам чиста мрежа. И двајцата се фантастични фудбалери, топ играчи во овој момент и посебно е чувството кога играте против нив. Наградата ако останете несовладан е голема“, изјави македонскиот голман.

Димитриевски од почетокот на годината имаше само четири средби, но на последните наптревари се врати во првиот тим. Рајо се уште чека на првата победа во 2022 година, додека Атлетико во натпреварот влегува со четири победа во серија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Баерн пронајде идеална замена за Хари Кејн?

Баерн Минхен не може без Хари Кејн, но Англичанецот не може да игра на секој натпревар и з…