Рајо Ваљекано игра одлично во тековната сезона во Примера.
Со последниот триумф тимот на македонскиот голман Столе Димитриевски се искачи на четвртата позиција на табелата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Димитриевски е оптимис за шансите екипата да обезбеди место во Европа следната сезона.
„Фокусиран сум, се уште имам договор со Рајо. Сакам да го завршам мојот престој тука и да направам големи работи. На инстаграм објавив стори со Лигата на шампионите, но морав да ја избришам поради моите соиграчи. Меѓутоа јас сум оптимист, зошто да не размислуваме за европските натпреварувања сезонава“, изјави Димитриевски.
После 18 кола, Рајо има девет победи и во овој момент има повеќе бодови од екипи како Атлетико Мадрид и Барселона.