Дома Трансфер зона Диего Пероти пред враќање во Серија А

Диего Пероти пред враќање во Серија А

Според информациите од Италија Џенова е во завршни преговори со турски Фенербахче за враќање на Диего Пероти во клубот.

Аргентинскиот крилен напаѓач помина две сезони во Џенова, постигнувајќи пет голови на 45 настапи помѓу 2014 и 2016 година.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Потоа Пероти се придружи на Рома за девет милиони евра, подоцна заврши во Фенербахче во бесплатен трансфер. Според тврдењата на „Скај Спорт“ сега сака да се врати во италијанската Серија А. Неговиот поранешен клуб Џенова веднаш го контактирала Фенербахче за да го договори трансферот.

32 годишниот Пероти има договор со Фенербахче до летото 2022 година, но според најавите извесно е негово враќање во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…