Македонскиот ракометен шампион Вардар, стартуваше со пораз во новата сезона од Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Избраниците на тренерот Стевче Алушовски, во крајно неизвесен натпревар, беа поразени од Мешков Брест со 24:22.
Тимур Дибиров после натпреварот изјави дека тимот направил недопустливи грешки во финишот.
„Честитки до Мешков, имаа одлична поддршка од навивачите. Недозволиво е да правиме вакви грешки, загубивме во последните пет минути. Имавме контрола цели 55 минути, беше и изедначено, па срушивме се во последните пет минути. Дефинитивно има простор за напредок во нашиот тим, но останува само да работиме напорно и да тренираме“, изјави ѕвездата на Вардар.