Дома Трансфер зона Дибала – Ново разочарување или конечно „нов Дел Пиеро“?

Дибала – Ново разочарување или конечно „нов Дел Пиеро“?

Звучи како теорија на завера, но некои вести ја подгреваат приказната.

Имено, после Алесандро Дел Пиеро „десетката“ во Јувентус носеше разочарувања, не во играчка смисла туку кога во прашање се заминувањата од клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тевез беше прв, одигра три одлични сезони и побара да замине, а Јувентус тоа му го овозможи. Потоа кога Пол Погба го превзема „светиот“ број навивачите воздивнаа сметаа дека тоа ќе го обврзе Французинот да остане во клубот, но тој замина после само една сезона.

Пред два дена одговорноста да ја носи „десетката“ во Јувентус ја доби Паоло Дибала, еден од најталентираните фудбалери во светот кој има предиспозиции да стане и легенда на клубот.

Претходно се шпекулираше за негов трансфер во Барселона, но Аргентинецот на крајот стави крај на шпекулациите со изјавата дека нема намера да заминува од Торино. Едноставно, тој сметаше дека не може да биде замената за Нејмар бидејќи не играат на иста позиција.

Но, наводно сега се појавил Реал Мадрид.

Како што тврди „Дон Балон“ првите контакти биле воспоставени, на „кралевите“ им одговара Дибала да пристигне наредното лето, кога Роналдо ќе биде една година постар, а Бејл веројатно ќе биде ставен на продажба, па управата на Реал би можела да направи реконструкција на тимот со Дибала како главна мета, со оглед на тоа што не успеаа да го доведат Килијан Мбапе.

Јасно е дека Аргентинецот е човек околу кој може да се гради тим, но би им приредил огромно разочарување на навивачите на „старата дама“, доколку тргне по стапките на Погба и да ја остави „десектата“ после само една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…