Пауло Дибала оваа сезона е во сенка на Кристиано Роналдо и се погласни се шпекулациите за негово заминување од Јувентус.
Алегри во првите неколку натпревари го оставаше на клупа Аргентинецот и тврди дека поради баланс во тимот само на одредени натпревари Дибала и Роналдо ќе можат да играат заедно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Последните информации од Италија се дека раководството на Јувентус е спремно да го продаде Аргентинецот, а наводно веќе нашле замена.
Спортскиот директор Фабио Паратичи е силно заинтересиран за Федерико Киеза и смета дека би бил идеална замена за Дибала, притоа ѕвездата на Фиорентина е посочен како иднина на италијанската репрезентација.
Јувентус се надева дека ќе може да инкасира 100 милиони евра од продажбата на Дибала следното лето, а цената на Киеза во моментов изнесува околу 60 милиони евра.
https://youtu.be/XBBATCFRVmc