Фудбалерот на Јувентус, Паоло Дибала испрати провокации до Милан пред финалниот натпревар.
Јувентус и Милан ќе се борат за трофејот во купот на Италија, а иако финалето се игра за два месеци на „Олимпико“ (9 мај), веќе започнаа да се упатуваат „отровни стрелки“ од едната и другата страна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прв започна Паоло Дибала.
„Ако Милан го освои купот ќе си ја избричам главата“, изјави Аргентинецот.
Не се чекаше долго за да го добиеме и одговорот од Милано и тоа од предводникот кој го препороди Милан, Џенаро Гатузо кој во свој стил му одговори на Дибала.
„Ако Јувентус ја освои Лигата на шампионите јас себе ќе си ги исечам јајц*та“, порача тренерот на „росонерите“.