Дома Топ вести Де Јонг ја извести Барселона: Нема ни трансфер, ниту намалување на платата

Де Јонг ја извести Барселона: Нема ни трансфер, ниту намалување на платата

Трансферот на Френки де Јонг од Барселона во Манчестер Јунајтед можеби нема да биде реализиран и покрај тоа што двата клуба ги договорија сите детали.

Според Фабрицио Романо, агентите на Холанѓанецот, Али Дурсун и Хасан Цетинкаја, ги известиле двата клуба дека нема промена на позицијата на играчот и дека тој нема намера да ги напушти Каталонците, ниту пак ќе прифати намалување на платата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се вели дека Барселона и Манчестер Јунајтед си подале рака за договор вреден 65 милиони евра плус уште 20 милиони евра бонуси. Сепак, овој трансфер не може да се реализира бидејќи Де Јонг не дава „зелено светло“.

Шпанските меидумии пренесоа дека од „Камп Ноу“ му поставиле ултиматум на Де Јонг – или да ја намали платата или да го прифати трансферот.

Но, Холанѓанецот очигледно не сака да се придржува до ваквите ултиматуми и преку своите претставници категорично изјави дека нема да си оди и нема намера ниту да води разговори за намалување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…