Манчестер Јунајтед во изминатиот период се поврзуваше со Френки Де Јонг, но како што стојат работите изгледа дека нема да стигнат до потписот на Холанѓанецот.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ерик Тен Хаг одлично ги познава квалитетите на Де Јонг и сакаше да соработува со него на „Олд Трафорд“, меѓутоа сега од Де Јонг стигна порака дека тој е среќен во Барселона, затоа што за него тоа е најголемиот клуб во светот.




„Ми годи кога гледам дека други екипи покажуваат интерес за мене, но јас играм во најголемиот клуб во светот. Одлично се чувствувам тука и нема новости на таа тема“, изјави Де Јонг.




Се шпекулираше дека Барселона сака да го продаде Де Јонг поради финансиската ситуација, а како ќе се одвиваат работите ќе видиме во текот на летото. Манчестер Јунајтед се уште не го довел првото засилување за ова лето.