Дома Трансфер зона Де Лихт потврди: Преговори постојат!

Де Лихт потврди: Преговори постојат!

Капитенот на Ајакс е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот и на големо се поврзува со трансфер во некој европски гигант.

Де Лихт има само 19 години и тој е најпреспективниот стопер на денешницата и клубот кој ќе го доведе ќе добие фантастичен играч за подолго време.
Според информациите Ајакс за Де Лихт бара сума од 80 милиони евра.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ајакс овој викенд може да се каже дека ја обезбеди титулата во холандското првенство (за да на је освои треба да изгуби 14:0 во последното коло).

После натпреварот на „Јохан Кројф Арената“ новинарите го запрашаа Де Лихт дали триумфот против Утретехт од 4:1 бил последен настап за Де Лихт пред домашната публика.

Де Лихт призна дека преговара за трансфер, но дека договор се уште не е постигнат.

„Дали ова беше мој последен натпревар во дресот на Ајакс на домашен терен? Не знам, се уште има време. Можам само да кажам дека преговори постојат, но договр се уште нема. Во медиумите многу се пишува“, изјави младиот капитен на Ајакс.

Ќе потсетиме Де Лихт најмногу во претходниот период се поврзуваше со трансфер во Барселона каде што ќе се пресели неговиот соиграч Френки Де Јонг, но денес „Мундо Депортиво“ објави дека Ливерпул би можел да ги расипла плановите на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…