Дома Топ вести Де Лаурентис откри: Му понудив на Игуаин повеќе пари отколку Јуве!

Де Лаурентис откри: Му понудив на Игуаин повеќе пари отколку Јуве!

Трансферот на Игуаин беше еден од најголемите ова лето и крена голема прашина, особено на Апенините, бидејќи премина од Наполи во Јувентус за 90 милиони евра.

„Старата дама“ ја активира откупната клаузула на Аргентинецот и за 90 милиони евра го донесе во Торино. Игуаин потпиша петгодишен договор со „бјанконерите“ и стана најплатен фудбалер во Серија А со годишна плата од 7,5 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сега, првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис откри дека тој му понудил нов договор со погоелма заработка отколку што Игуаин заработува во Јувентус, но напаѓачот одбил.

„Пред една година на Игуаин му понудив петгодишен договор и плата каква во Италија не може да се замисли. Повеќе отколку што сега добива во Јувентус, но Гонзало одби“, изјави Де Лаурентис.

„Во текот на летото пристигнаа понуди од Арсенал и Атлетико Мадрид. Ние ги одбивме бидејќи не нудеа доволно пари, а и не бевме спремни да го продадеме. За нас Игуаин не беше на продажба“, додаде сопственикот на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…