Давид Де Геа долго време важи за еден од најдобрите светски голмани, но во еден сегмент шпанскиот голман е посебно лош.
Многу пати сме биле сведоци како правел чуда и го спасувал својот тим, меѓутоа пеналите изгледа се најголемата слабоста на Де Геа. Имено, Де Геа нема одбрането пенал цели шест години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Последен пенал кој Де Геа го одбрани беше на 5. октомври во натпреварот против Евертон. Тогаш Де Геа го запре ударот на Лејтон Бејнс. Меѓутоа од тогаш до денес не одбранил друг пенал што е навистина чудно за голман од таков калибар.
Ќе потсетиме, вчера Арсенал го доби дербито со Јунајтед (0:1), единствениот гол на мечот го постигна Обамејанг од пенал.