Дома Топ вести Де Геа на искушение: ПСЖ со понуда која не се одбива

Де Геа на искушение: ПСЖ со понуда која не се одбива

Давид де Геа не ја игра најдобрата сезона во Манчестер Јунајтед, Шпанскиот голман прими 51 гол досега во сезоната во Премиер лигата, а според „Дејли Стар”, ПСЖ го искушува со неверојатна понуда.

Во моментов Де Геа заработува 200.000 фунти неделна плата на „Олд Трафорд“, а ПСЖ е спремен да му понуди двојно поголема – 450.000 фунти неделно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во моментов, прв голман за ПСЖ е 41-годишниот Џанлуиџи Буфон, а од „Паркот на принцовите” гледаат на Де Геа долгорочно решение на голманската позиција.

Притоа, „светците“ се спреми да му понудат на „црвените ѓаволи“ 90 милиони фунти за да го добијат потписот на Де Геа.

И покрај многуте грешки во последно време, Шпанецот не престанува да добива поддршка од Оле Гунар Солскјер и раководството на клубот.

28-годишниот Шпанец беше привлечен на „Олд Трафорд” во 2011 година, а до сега има вкупно 360 натпревари за Јунајтед во сите натпреварувања и седум освоени трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…