Дома Топ вести Де Геа заминува: Јунајтед руши светски рекорд за нов голман

Де Геа заминува: Јунајтед руши светски рекорд за нов голман

Медиумите на Островот пренесуваат дека дека Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната може бесплатно да го загуби Давид Де Геа.

„Ѓаволите“ му понудија нова соработка на Шпанецот, но двете страни се уште не можат да најдат заеднички јазик и голема е веројатноста тој да си замине од „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер јунајтед размислува да го активира „планот Б“ и да го купи Јан Облак од Атлетико Мадрид и со тоа да го сруши светскиот рекорд.

Се претпоставува дека Облак ќе биде прв голман чија цена ќе надмине 100 милиони евра, а „цревните ѓаволи“ се спремни да ја активираат неговата откупна клаузула.

Една од причините што Де Геа сака да го напушти Јунајтед е недовербата во плановите на тимот за враќање во врвот на англискиот фудбал.

Англиските медиуми пишуваат дека доколку Де Геа не потпише договор до јануари, тогаш можно е да започне преговори со Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сити и Баерн сакаат да го „украдат“ талентот на Милан

„Бисерот“ Франческо Камарда го привлече вниманието на сите фудбалски клубови со своја…