Давид де Геа најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед на лето, па „црвените ѓаволи“ ја почнаа потрагата по нов голман.
Актуелниот договор на Де Геа истекува на крајот на сезоната, а со оглед на фактот дека Шпанецот има 32 години, раководството се обидува да го убеди да прифати помала плата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Атлетик“ пренесува дека Де Геа ја одбил понудата која му ја доставило раководството, па Јунајтед нема намера да му достави нова и ќе му дозволи да си замине.
Прва желба за негов наследник е голманот на Интер, Андре Онана, кој игра одлична сезона во Серија А.
Интер е спремен да го продаде бидејќи има финансиски проблеми, а Онана минатото лето пристигна без обештетување, па тоа ќе биде чиста заработка за „нероаѕурите“.