Холандија играше во група со Македонија и во нокаут фазата се пласираше со три победи во исто толку натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак веднаш во првиот натпревар од нокаут следуваше големо разочарување за „лалињата“. Чешка изненадувачки ги победи Холанѓаните и така ги елиминираше од првенството на кое сигурно имаа поголеми очекувања.
Во холандските медиуми веднаш по елиминацијата почна да се пишува дека овој пораз на Холандија може да донесе отказ за Франк Де Бур.
Јавноста во Холандија е бесна и се бара виновникот за разочарувањата, а во вакви ситуации најчесто прстот бил вперуван кон селекторот, така може да биде и овој пат.
Засега нема најави кој би можел да биде неговиот наследник ако навистина добие отказ.