Жозе Мурињо и Манчестер Јунајтед вчера беа поразени и елиминирани од Лигата на шампионите.
После елиминацијата на Манчестер Јунајтед се огласи Франк Де Бур, човекот кого Мурињо пред само неколку дена го нарече најлошиот менаџер во историјата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Да потсетиме, Де Бур зборуваше за Маркус Рашфорд и фактот дека тој би можел да напредува но дека Мурињо не му дава шанса. Португалецот му одговори жестоко, „најлошиот тренер во светот може да го научи Рашфорд како се губат натпревари“.
Сега Де Бур ги дочека своите пет минути.
„Можеби сум најлошиот тренер во светот, но Мурињо потроши милијарда на својот тим и игра ваков фудбал“, изјави Де Бур по вчерашниот пораз на Манчестер Јунајтед.