Дома Фудбал Де Брујнe го избра најдобриот играч од средниот ред на сите времиња: Иниеста го постави на третото место, а Модриќ на второтo

Де Брујнe го избра најдобриот играч од средниот ред на сите времиња: Иниеста го постави на третото место, а Модриќ на второтo

За многумина Кевин Де Брујнe моментално е најдобриот играч за врска во светот, што го потврди минатата сезона кога го предводеше Манчестер Сити до историската тројна круна.

Де Брујнe со години е еден од најважните играчи на „Граѓаните“, а со оглед на неговите квалитети, секаков избор на одличниот Белгиец носи тежина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овојпат одличниот репрезентативец на Белгија го избра најдобриот играч за врска на сите времиња, а на првото место го стави Зинедин Зидан.

Според него, Зидан е најдобриот играч за врска досега, следен од Лука Модриќ и трет Андрес Иниеста.

“Зошто Зидан е најдобар за мене? Во негово време фудбалот беше чиста игра и јас сакав радост и импровизација. Беше прекрасно да го гледам”, изјави Де Брујне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…