Aко досега беа само шпекулации сега јасно е дека Кевин Де Брујн сериозно ја разгледува можноста за преселба во Саудиска Арабија.
Белгиецот има уште една година од договорот со Манчестер Сити и англискиот шампион е подготвен да го продаде само во случај на богата понуда.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Со последната изјава во медиумите Де Брујн потврдува дека веќе добил понуди за кои размислува.
„Трансфер во Саудиска Арабија? Во овие години во кои што сум треба да се биде реален и отворен за сите опции.
Зборуваме за неверојатни суми пред крајот на кариерата и треба добро да се размисли. За две години би заработил неверојатна сума. Во Европа играм 15 години и вкупно не сум заработил толку пари колку што ми нудат. Затоа треба да се размисли“, изјави Де Брујн.