Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн не жали премногу што „граѓаните“ не успеаа да го доведат Лионел Меси.
Две недели се најавуваше заминување на Меси од Барселона, но Аргентинецот на крајот потврди дека останува затоа што е принуден да остане и не сака целата работа да заврши на суд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ако дојдеше екако дека ќе ни помогнеше бидејќи за мене тој е најдобриот играч на сите времиња, но никогаш не размислувам „што би било кога би било“. Имаме одличен тим и глупаво би било сега да шпекулираме кој сакам да дојде“, изјави 29 годишниот Белгиец.
Де Брујн е официјално најдобриот играч во Премиер лигата за минатата сезона и веќе четири години соработува со Пеп Гвардиола.
„Неговиот поглед на фудбалот е поинаков од погледот на многу луѓе. Се држи до својата филозофија кај него постои план „А“ и план „А“, нема план Б. На многумина им е тешко тоа да го разберат. Сите ние веруваме во неговата тактика“, заклучи Де Брујн.
Сити првиот натпревар ќе го одигра на 21. септември на гости против Вулверхемптон.