Играчот за врска на Манчестер Сити ги прокоментира обвинувањата кои Јаја Туре ги упати на сметка на Пеп Гвардиола.
Откако го напушти Манчестер Сити, искусниот интернационалец од Брегот на Слоновата Коска жестоко го нападна Гвардиола нарекувајќи го расист, но со него не се сложува Кевин Де Брујн кој застана во одбрана на Пеп.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Би било чудно Гвардиола да е расист бидејќи во нашиот тим има повеќе играчи со темна боја на кожата. Не ми е јасно за што зборува Туре. Можеби неговите зборови се погрешно протолкувани. Кога не играте секогаш се обидувате да пронајдете изговор“.
„Уште еднаш ќе кажам, никогаш не сум видел ништо расистички во клубот. Можеби Гвардиола сметал дека Јаја не е најдобра форма, а дека одлуките на Пеп се исправни докажува и тоа што ја одигравме најдобрата сезона во историјата“, изјави Де Брујн.