Дома Фудбал „Де Брујн и Салах не играа поради расправија со Мурињо“

„Де Брујн и Салах не играа поради расправија со Мурињо“

Мохамед Салах и Кевин де Брујн не добиле шанса во Челзи поради лични проблеми со Мурињо, откри директорот на лондонскиот клуб Еди Њутн.

Де Брујн и Салах се мачеа да добијат шанса во првиот тим на Челзи додека Мурињо беше менаџер од 2013 до 2015 година.

Белгиецот во 2014 година замина од Стенфорд Бриџ и веќе неколку години е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, исто како и Салах кој го напушти Челзи во 2016 година.

„Проблемот со Салах и Де Брујн не беше нивниот квалитет и талент. Тие имаа личен проблем со Мурињо. Беа и повеќе од добри, но менаџерот не се согласуваше со нив, па мораше да заминат“, изјави Њутн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕамброта едвај се движел по скали: Со татко му на иста операција во ист ден

Светскиот првак со Италија од 2006 година откри дека поради силни болки направил две опера…