Дома Фудбал Англија Де Брујн: Да се освои титулата против Јунајтед е нешто посебно, нешто историски!

Де Брујн: Да се освои титулата против Јунајтед е нешто посебно, нешто историски!

de bruyne

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн сака неговата екипа на навивачите да им поклони историски ден со освојувањето на титулата против Манчестер Јунајтед.

Манчестер Сити е на чекор од третата титула во Премиер лигата од 2012 година, на „граѓаните“ им недостасува само уште една победа, а прва прилика за такво нешто ќе имаат во сабота кога ќе играат против градскиот ривал Јунајтед.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Мислам дека тоа ќе биде посебно за навивачите. Ако не победиме на тој натпревар и понатаму ќе имаме прилика, но да се освои титулата во натпревар против Јунајтед е нешто посебно, нешто поинакво, нешто историски“, објасни Де Брујн.

Сити во изминатото коло славеше против Евертон со 3:1, а Белгиецот се надева дека неговата екипа ќе прикаже слична игра и во првиот натпревар од ¼ финалето во Лигата на шампионите против Ливерпул.

Единствениот пораз „граѓаните“ во Премиер лигата го претрпеа токму од Ливерпул (4:3).

„Ова е Лига на шампиони, ¼ финале, ова е се или ништо“, изјави Де Брујн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Англија ја победи Србија, но не прикажа шампионска игра 🎥

Репрезентацијата на Англија ја победи Србија во последниот натпревар од денешната програма…