Дома Останати Кошарка НБА Дејвис со супер настап го уништи својот поранешен тим! (ВИДЕО)

Дејвис со супер настап го уништи својот поранешен тим! (ВИДЕО)

Леброн Џејмс во победата на ЛА Лејкерси против Њу Орлеанс 114:110 стана само четвртиот играч кој постигнал повеќе од 33.000 поени во НБА лигата, меѓутоа најголемо внимание привлече неговиот соиграч Ентони Дејвис.

Дејвис за прв пат се врати во арената каде што помина седум професионални сезони и одигра еден од своите најдобри натпревари во кариерата. Тој постигна 41 поен и стана првиот играч кој постигнал повеќе од 40 поени во првиот натпревар против својот порнаешен тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај тоа тој забележа девет скока, една асистенција, една блокада и три украдени топки, а посебна важна беше онаа на 4.2 секудни пред крајот со која го спречи последниот обид на Пеликанс да стигнат до победа или продолженија. Потоа мирно ги погоди двете слободни фрлања и ја обезбеди победата за Лејкерси.

Инаку, од самото загревање домашната публика му свиреше и го навредуваше со цел да му создаде притисок, но Леброн и соиграчите се потрудија да му помогнат да одигра еден одличен натпревар.

Лејкерси се најдобар тим во лигата со скор од 16:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…