Давид Дејвис го очекува најтешката задача од кога е на кормилото на Вардар. Три години шпанскиот стратег го водеше Веспрем, а сега токму против овој тим ќе се соочи со Вардар во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.
Пред натпреварот Дејвис ја препушти фаворитската улога на противничкиот тим.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„За мене е полесно затоа што знам што сакаат да играат, Веспрем е силна екипа, индивидуално и колективно се одлично. Тие се фаворити, но ние играме дома, Вардар секогаш се бори, посебно на домашен терен. Ќе мораме да бидеме добри во одбраната и да помагаме на голманите, во напад не смееме да губиме многу топки, за да победиме треба да бидеме перфектни цел натпревар“, изјави Дејвис.
Натпреварот помеѓу Вардар и Веспрем се игра во четврток од 18:45 часот.
Фото: РК Вардар / Денис Дуковски