Во среда Вардар го очелкува важен натпревар во Лигата на шампионите во кој ќе игра против тимот на Загреб.
Вардар и Загреб ги дели само еден бод на табелата во групата, па затоа и двете екипи ја посакуваат победата. Тренерот Давид Дејвис пред натпреварот повика на поддршка од публиката и верува во добар резултат иако тимот немаше многу време за подготвки.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Имаме два дена да се подготвиме за Загреб и затоа овие два дена ќе ги искористиме максимално. Загреб е добар тим кој игра во добра форма. Сега е тешко немавме многу време затоа што играа репрезентациите во јануари. Ова ќе биде голема борба и верувам дека ќе одиме чекор понапред од Загреб, а потоа ќе мислиме и ќе се подготвуваме за другите натпревари“
„Еден натпревар е еден натпревар, со Монпелје беше голема победа. Таа победа беше важна за сите да веруваат во ситемот и да се подобри хемијата, но како што кажав тоа е само една победа, потребни се повеќе. Одиме чекор по чекор, не можеме да мислиме многу понатаму“.
„Имам многу добри сеќавања со навивачите од моите претходни четири години и во овој натпревар се надевам на голема поддршка“, изјави Дејвис.
Вардар и Загреб ќе играат в среда во 20:45 часот.