Вардар утре ќе игра на гости против Војводина во новата сезона од СЕХА лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тренерот Давид Дајвис најави дека неговите ракометари ќе дададат се од себе за да дојдат до победа во Нови Сад.
„Мораме да ги поправиме грешките од натпреварот против Нексе. Против Пролет бевме подобри, но мораме да продолжиме со напорна работа. Војводина е опасен тим предводен од Немања Прибак, играат дисциплинирано, имаат добар голман кој дома е незгоден ривал. Мораме да бидеме трпеливи. Одиме чекор по чекор, сигурен сум дека ќе биде подобро“, изјави Дејвис.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961