Дома Македонски спорт Мак ракомет Дејвис: Вардар има проблеми, но дома е секогаш опасен

Дејвис: Вардар има проблеми, но дома е секогаш опасен

Стратегот на Веспрем, Давид Дејвис во недела ќе се врати во Скопје како ривал, но одлично знае дека публиката може да „направи разлика“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Дејвис, кој му беше помошник на Раул Гонзалез иако знае дека Вардар во моментов има кадровски промени, сепак е претпазлив.

„Вардар е бранител на титулата во ЛШ и играат дома каде ги имаат освоено поголемиот дел од поените оваа сезона. Тимот пати поради повреди, но како и секој друг тим кога игра дома секогаш сака да победува. Сигурен сум дека не чека една тежок меч“, изјави Дејвис.

„Исто така во Скопје и салата ќе биде полна, тоа ќе ни ја отежни работата. Бодовите во Скопје ни се потребни и ако сакаме да завршиме на високо место во групата“.

Дуелот меѓу Вардар и Веспрем се игра во недела од 17:00 часот, а билетите се продадени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…